Достапни линкови

Багдад: Почна ирачката национална конференција


Ирачката национална конференција која има цел да и помогне на земјата во развојот на демократските порцеси денеска е отворена во Багдад. На отварањето ирачкиот преоден премиер Ијад Алави изјави - конференцијата е прв чекор кон отварање на хоризонтот на дијалог за ирачкиот народ. Мерките за безбедност се зголеми, а и покрај тоа се случија неколку експлозии во околината. На конференцијата учествуваат претставници на политички партии и религиозни групи од 18 провинции. На неа треба да се избере национално собрание од 100 члена кои ке ја набљудуваат работата на преодната ирачка влада, а и ке и помогнат на земјата во подготовките за спроведување избори кои се предвидени за јануари наредната година.
XS
SM
MD
LG