Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Буш идната недела ќе го објави планот за реструктуирање на американската армија


Американскиот претседател Џорџ Буш, како што јавува Ројтерс, имал намера во идната недела да го објави планот за реструктуирање на американската армија. Во тоа, како што се додава, ќе биде вклучено и повлекувањето на околу седумдесет илјади војници од Европа и од Азија. Имено, две третини од нив ќе бидат повлечени од Германија, во која сепак ќе остане најголемиот контингет американски сили во Европа. Помал број војници би требало да бидат повлечени од Јужна Кореа.
XS
SM
MD
LG