Достапни линкови

logo-print

И натаму спротивставени толкувања


Три години од потпишувањерто на охридскиот договор најмалку две прашања сеуште остануваат неодговорени. што точно ни се случи двеилјади и првата И што точно предвидува документот од Охрид . И додека за првото прашање сите се согласни дека немаме сеуште прецизен одговор за второт всушност проблемот се сведува на премногу, често различни одговори кои меѓусебе си противречат.Ова го потврди и актуелната дебата за законите за територијалната организација и за град Скопје . Позицијата спротивставувањето на овие закони го оцени како обид да се напушти токму рамковниот договор. Претседателот на државава Бранко Црвенковски со иста оценка

„Тие не се обидуваат да направат ревизија на Рамковниот договор, дури ни тоа. Тие се обидуваат да создадат атмосфера да се напушти, да не се спроведе Рамковниот договор и да се вратиме назад во 2001-ва година“

Аргументиоте на опозицијата пак беа дека не се против рамковниот туку против обидот да биде напуштен неговиот основен принцип за мултиетнична држава во која нема територијални решенија за етнички проблеми.

Коренот на различните толкувања што кулминираа околу двата закона од пакетот за децентрализација што по дефиниција треба да биде чекор напред во демократијата според професор Биљана Ванковска всушност

„покажува дека ако за три години не сме одговориле на низа важни прашања, ова општество остана со еден голем прашалник: што му се случи во 2001-та и зошто?“


Многу експерти сметаат дека токму одговорот на прашањето што всушност ни се случи пред три години е услов за Макеоднија конечно да тргне напред. Но тој одговор сеуште го нема. Дали тоа беше грѓанскавојна, бунт на албанците напад на терористите од Косово. Во зависност од тоа кого прашувате одговорите се разликуваат .За Албанците тој е потврда на победата во освојувањето на нивните права За македонците политичко решение на воен конфликт донесен под присила и поради тоа извор на фрустрации. Но како што вели генерал Тодор Атанасовски. Принципите на охридскиот договор мултиетничноста, еднаквоста соживот се проектирани уште во декларацијата на АСНОМ. Оттаму и сегашниот охридски кој почива на тие приципи не може да биде лош , тој е лош затоа што произлезе под присила вели Атанасовски. Тој предлага

„Охридскиот договор да го прошириме на сите националности, независно од бројната состојба, ако треба дури и уставот нека се прилагоди на таа ситуација. И првиот рамковен договор, и овој што ни го наметна меѓународната заедница, и третиот договор да се заштитат малцинствата од мајоризација на мнозинството, на пример во западниот дел на Македонија и сите тие договори да бидат не нечии, туку наши“
XS
SM
MD
LG