Достапни линкови

logo-print

Грузија: Престрелки во Јужна Осетија


Колоната на грузискиот премиер Зураб Жванија се нашла под оган во сепаратистичката република Јужна Осетија во близина на грузиското село Ердеви. Руските мировници не можеа да го потврдат инцидентот во кој немало повредени. Инаку, според извештајите од Грузија престрелките во Јужна Осетија продолжиле и во текот на ноќта. Полицијата во регионот Шида контролиран од владините сили јави дека се ранети три етнички грузијци во селото Ередви. Јужна Осетија пак соопшти дека се ранети три лица во осетиското село Дмениси. Двајца руски дипломати од вчера се во Тбилиси главниот град на Грузија, а грузискиот државен министер Гиорги Каиндрава денеска ке патува за Ттшинвали главниот град на Јужна Осетија во обид да надминат тензиите во регионот.
XS
SM
MD
LG