Достапни линкови

Чекор напред кон евроинтеграцијата


Усвојувањето на Законот за територијална организација е чекор напред во процесот на децентрализација на земјата и нејзината европска перспектива, сметаат меѓународните претставници во Македонија. Во таа смисла и оценките

„Мисијата на ОБСЕ во Скопје верува дека вчерашното усвојување на Законот за територијална организација е важен показател за исполнувањето на заложбите за децентрализација која треба да стартува на 1. јануари 2005-та, како што тоа е предвидено со Рамковниот договор“

вели портпаролот на мисијата Максим Филандров.

Слична оценка има и од канцеларијата на европскиот претставник Мајкл Салин. Портпаролот Бен Крептон потсетува дека токму децентрализацијата е услов за европската интеграција на Македонија, а што се однесува до изразеното незадоволство вели

„Макетот за децентрализација кој во моментот се разгледува во парламентот е една од централните компоненти на Рамковниот договор. Никој не очекуваше тој да не биде контроверзен. Впрочем, работа на опозицијата е да се спротивставува, но само во рамките на законот“

вели Кремптон од канцеларијата на европскиот претставник Салин. Оттаму не очекуваат дека усвојувањето на овој закон, како и другите закони од пакетот за децентрализација, потоа локалните избори во ноември и почетокот на имплементацијата на усвоената легислатива во јануари, да бидат причина за некаква дестабилизација на земјата. Токму спротивното, вели портпаролот на ОБСЕ Максим Филандров:

„Усвојувањето на Законот за територијална организација е во насока на поголема стабилност на земјата на нејзиниот пат кон европската интеграција, а ОБСЕ го позрадува тој процес“
XS
SM
MD
LG