Достапни линкови

logo-print

Багдад: Ирачкиот заменик претседател изјави дека силите на САД треба да се повлечат од Наџаф


Ирачкиот заменик претседател Ибрахим Џафари за Ал Џезаира изјави дека американските сили треба да се повлечат од Наџаф каде што борбите со милитантите на Моктада ал Садр траат цела недела. Џафари смета дека во Наџаф треба да останат само ирачките сили за да стават крај на насилствата. Тој прецизира дека владата ке треба да преземе мерки доколку Ал Садр не ги прифати барањата на премиерот Ијад Алави. Борците на Садр ги отфрлија американските барања да го напуштат Наџаф.
XS
SM
MD
LG