Достапни линкови

Можен ли е нов конфликт?


Отпорот што го предизвика предлог законот за теритотријална организација повторно на површина ги исфрли старите теми и прашања од типот, можен ли е нов конфликт во Македонија? Таква опасност во земјавава препознаа и меѓународни медиуми па оттаму и оценките на дел од домашните експерти дека ситуацијата е многу посериозна отколку што тоа на прв поглед изгледа. Репрезент на ваквото толкување е професор Биљана Ванковска. Таа вели

„Факт е дека се соочуваме со тешка економска и социјална криза. Факт е дека овој политички систем никогаш не бил во потешка политичка криза. Тоа го потврдува оваа улична демократија што почнува да се практикува, потоа кризите во политичките партии, фрагментациите, несогласувањата и да речам една парадоксална улога што ја има македонскиот парламент во овој процес. Сето тоа укажува дека ги имаме двата битни елемнти на кризата – економско-социјалниот и политичкиот аспект. До оној што најмногу не плаши – воениот аспект – треба само еден чекор. Една искра во ваква веќе вжештена ситуација може лесно да се случи“

Но, до тој чекор реално нема да дојде, смета генералот во пензија Тодор Атанасовски

„Бидејќи таа ситуација објективно е надмината и нема сили кои би можеле да застанат зад таква проекција, зад таква состојба и зад таква форма на влошување“

Според Атанасовски сегашната ситуација е прозивод на партизацијата на јавноста и желбата на политичките медиокритети да ја продолжат кризата во која единствено можат да опстанат

„Тоа е се инспирирано само од оние кои можат да живеат само во матно. Овој персоналитет на нашиот политички корпус, без оглед на вера и нација е персоналитет кој може да опстојува само во кризна состојба и тие се плашат да не помине кризата“

Во услови на економска криза лесно се манипулира со јавноста, па оттаму пораката на генерал Атанасовски е

„Никој да не заташкува. Економијата треба да се развива. Нема лесни проблеми кога народот е сиромашен“

Професор Ванковска, пак, оценува: потребно е да се демонтираат експлозивните направи што веќе постојат во општеството а предлогот за територијална организација се покажа како една од нив

„ми се чини дека ваквото, по малку тврдоглаво инсистирање на владејачката позиција да го истурка законот не води никаде. Ми се чини дека би требало да се најдат други начини. Очигледно е дека овој процес може да заврши во парламентот. Меѓутоа, прашање е како во вакви услови ќе организираме локални избори, како ќе го имплементираме тој закон и како ќе ги демонтираме и другите експлозивни случувања во општеството“
XS
SM
MD
LG