Достапни линкови

logo-print

Истрагата за случајот Љуботен при крај


Од Канцеларијата на хашкиотѕ Трибунал во Скопје без никви детали во врска со истрагата за случајот Љуботен. 18 осомничени лица за овој слуај денеска се повикани на распит во канцеларијата на трибуналот во Скопје. Се работи пред се за лица кои за време на конфликтот во 2001 биле на високи позиции во македонските одбранбени структури. Министерот за правда Иџет мемти вели дека според неговите информации истрагата за случајот Љуботен е при крај

„Според информациите што ги имаме во Министерството за правда, истрагата се уште е во тек. Во однос на случајот Љуботен истрагата е при крај. Откако ќе заврши истрагата останува надлежноста на обвинителот на Хашкиот трибунал да донесе одлука“

На распит повикан е и Горан Митевски поранешен директор на јавната безбедност во МВР. На распит иако биле поканети веќе неколку пати не се појавиле и браќата Александар и Владо Јаневски поранешни членови на Спецјалната е Единица Лавови а сега вработени во МВР. Хашкото обвинителство од побарало од Основниот суд Скопје 2 преку кои се доставуаат поканите да се провери дали лицата кои не се повикуваат на поканите се наоѓаат во македонија или
се надвор од земјава.

„Имаме закон за кривична постапка. И ако одредено лице кое се бара или да сведочи, или за кое има основани сомненија, ако не се појави, тие можат да бараат од надлежните органи во Република Македонија да ги обезбедат тие лица“

вели министерот за правда Иџет Мемети.

Инаку во надлежноста на Хашкиот трибунал се наоѓаат пет случаи од Македонија , а Љуботен е единствениот за кој осомничени се македонските безбедносни сили.
Убиството на десетина лица жители на Љуботен следеше по нападот во Карпалак и поставената мина во близина на Љуботен при што животот го загубија вкупно 18
припадници на македоснките безбеднопсни сили.
XS
SM
MD
LG