Достапни линкови

logo-print

Нови облици на отпор и непослушност


Отпорот на дел од македонските општини, кои со блокади и протести продолжуваат да се спротивставуваат на предлогот за новата територијална организација е потврда дека несогласувањето на граѓаните е големо. Тоа значи дека владата треба сериозно да ги чита манифестациите на тој отпор – вели професор Владо Поповски од Правниот факултет во Скопје:

„Владата тоа треба да го направи, бидејќи очигледно нема работа со луѓе кои што се апатични и незаинтересирани, туку се покажа дека имаат работа со граѓани кои се подготвени да влезат во тој процес, па дури и да речам со ризик да си навлечат и штета“

Како резултат на незадоволството, во Облешево жителите веќе трет ден го блокираат сообраќајот. Во Струга отпорот се радикализира, со барање за независност на општината. Таквото барање на стружани, според Поповски, сепак е нереално, бидејќи тоа се судира со уставната и правната процедура во државата.

„Тоа треба да се разбере само како резултат на еден политички револт од состојбите и барање некаков излез којшто сепак нема институционална подлога во Уставот. А и кога би имало институционална подлога, тоа во секој случај би било врзано со парламентарна процедура“

вели професорот Поповски. Тој ја предупредува владата дека во ситуација законите за територијална организација да бидат исвоени во собранието

„после тоа е можен навистина моделч на граѓански отпор со непочитување на одлуките, неприфаќање на институциите, несоработка со институциите, локална блокада на институциите итн.. Тој отпор може да биде ненасилен, но ако биде масовен, во целина земено, така што мислам дека решенијата можат да се најдат: прво, да не дадат резултати, а второ, во Западна Македонија, да ги изострат меѓуетничките односи“

Во таа насока, градоначалникот на Струга Ромео Деребан ги планира следните чекори од граѓанскиот оотпор во оваа општина, доколку барањата да се задржат старите граници не бидат прифатени:

„Тоа значи дека ние ќе ги активираме тие локални избори, меѓутоа, државата ќе има проблеми со иплементирањето на резултатите од локалните избори затоа што тие резултати ние нема да ги признаваме како правно релевантни“
XS
SM
MD
LG