Достапни линкови

logo-print

Авганостан: Еврокорпс ја презеде командата


Офицерите на мулти националната европска воена сила позната како Еврокорпс денеска ја презедоа командата врз мировните сили во Авганистан предводени од НАТО. На чело на мисијата ИСАФ дојде францускиот генерал Жан Луи Пу. Евросилите се создадени од војници на Белгија, Франција, Германија, Луксембург и Шпанија и ова е прво нивно разместување надвор од Европа. Најголем безбедносен предизвик за силите на Исаф во Авганистан се претседателските избори кои во оваа земја треба да бидат одржани на 9 октомври.
XS
SM
MD
LG