Достапни линкови

Барт Дуг, шеф на мисијата „Проксима“. „Проксима“ е тука да ги подобри стандардите и перформансите на полицијата


Господине Дуг констатиравте дека вашата мисија е успешна во поставената задача реформи на полицијата но истовремено и дека има пречки во нејзиното извршување. Кои се тие?

Подобрувањето на полициата подразбира всушност две работи. Едната е подобрување на нејзината организациона структура втората е подобрување на нивната ефикасност. Полициската структура е дел од реформите кои се во тек и согласно националната стратегија таа ќе започне да се имплементира во јануари идната година. Подобрување на перфомансите пак е дел од задачата на „Проксима“ и тоа е она што ние го правиме, што се однесува до пречките кои се констатирани списокот е долг но еве ги најголемите. Прво законската регулатива, кривичниот суд и кривичната постапка се застарени и треба да се менуваат за да соодветствуваат на новите криминални техники со кои се сузбиваат модерните форми на организираниот криминал. Со сегашната законска регулативе тоа не е можно. Втора пречка е недостаток на техничка опрема, понекогаш дури недостаток од основна опрема. Сеедно дали се работи за на пример компјутери кои ги поврзуваат полициските станици и министерството за да има брза размена на информации и податоци или за основни средства за сообраќајна контрола. Има толку многу работи што недостасуваат, коли, оружје. Навистина ги има многу. Исто така, постои потреба полицијата да ги усоврши своите способности за броба против модерните видови криминал. Во таа смисла е важно полициската академија што побрзо целосно да профункционира за да може да одговори на овие потреби.

Што е со корупцијата во редовите на полицијата, зарем таа не е пречка за ефикасноста на полицијата?

Корупцијата во полицијата и во другите институции е проблем, но радува фактот што постои се поголема волја и активен пристап во борбата против неа. Во таа смисла веќе постојат инструменти за таа борба како што е посебна единица во рамките на полицијата, правилник за внатрешна контрола, обучени инспектори.

На последната прес конференција ги обвинивте застеарната легислатива и неефикасното судството како кочничари на ефикасното справување со криминалот?

Тоа не е само наша проценка туку и на Меѓународната заедница. Имаше голем број случаи кога криминалци се уапсени, но поради дупките во законите или од други приччини тие се непотребно ослободени.

Значи ли тоа дека ја амнестирате полицијата од одговорноста . Бидејќи постои некакво општо уверување во јавноста поткрепено и со случаите за кои постојано информираат медиумите дека полицијата едноставно не е доволно ефикасна?

Тоа е точно. Токму затоа сме и ние тука за да ги подобриме стандардите, перформансите на полицијата. Во спротивно нашата мисија би била бесцелна, но и покрај тоа останува фактот дека кај полицијата постои волја да стори нешто. Забележавме зголемување на бројот на асењата, подобрување на професионалниот пристап во истрагата, во обезбедувањето на доказите врз основа на кои се покренува обвининието, судството може да работи. И до тука е работа на полицијата, тука нивните ингеренции завршуваат.

Со оглед на тоа дека работите на реформи на полицијата да ве прашам за промените кои се предвидуваат во тој дел од аспект на процесот за децентрализација. Во целиот галиматијас околу законот за територијална организација многу аспекти на децентрализацијата останаа нерасветлени. Што таа предвидува во делот на полицијата?

Одговорот на ова прашање би бил мноу долг. Затоа ќе ви кажам неколу промени што се поврзани со децентрализацијата. Прво шефот на полицијата ќе биде назначуван од советот на општината, со потврда која треба да дојде и од министерот за внатрешни. Тоа е да речема голема промена. Потоа компетенциите на полицијата ќе бидат повеќе на локално ниво. Советот на општината ќе има поголема поврзаност со полицијата. На пример полицијата ќе го поднесува годишниот извештај на советот и слично. Предностите на тој процесс се големи. Јас тоа би го свел на зборовите локални решенија за локални проблеми. На пример не можете да ги споредите состојбите во Кавадарци и Берово или било кое друго место. Секое има свои специфики во кои опстојува. И добро е полицијата да дефинира пристап соодветен на секое место одделно. Криминалот во Валандово, на пример, не може да биде ист со Куманово. Со промените кои ги предвидува децентрализацијата полицијата ќе биде многу повеќе поврзана со локалната средина, со тоа ќе биде повеќе способна да ги решава тие проблеми, да одговори на предизвиците на една одредена локална средина. Мислам дека тоа е најголемата придобивка на процесот на децентрализацијата во делот на полицијата. Исто така, предност е и независноста односно автономијата што ќе ја имаат шефовите на полициите. Списокот не завршува тука но ете тоа се според мене најголемите предности.

Во меѓувреме вашите офицери се набљудувачи на ситуации во кои се изразува незадовоството на населението од предложениот закон за територијална организација. Ваш припадник беше повреден во Струга. Има ли некои нови информации што би фрлиле светло на прашањето што всушност се случи таму?

Ние бевме инволвирани во инцидентот во Струга, ако така сакате да го формулирате, во смисла што го набљудувавме но истовремено и ги советувавме министерството во нивните акции. Наша генерална проценка е дека методите што ги употреби полицијата за да го запре и растури собирањето во Струга се методи што секој од нас би ги применил во сопствената земја. Значи никакви мерки надвор од соодветните не се употребени. За „Проксима“, но и за министерството за внатрешни беше важно да не дојде до понатамошна ескалација на инцидентот и да нема провокации од страна на полицајците кон демонстрантите. Накусо начинот на кој полицијата реагираше беше сосем нормална постапка за воспоставување ред и мир, како што тоа ние би го направиле во нашите земји.
Но, сепак имаше обвинувања дека полицијата ги пречекорила овластувањата,. Во таа смисла МВР соопшти најнапред дека не биле употребени гумени куршуми, за потоа да признае дека сепак тие биле испукани. Имаше обвинувања дека полицајците буквално ги нападнаа оние што го изразуваа незадоволството. Дали според вас тоа е дел од како велите перфектно нормална постапка која се применува во такви ситуации?

Да. Во неа спаѓаат и гумени куршуми и водени топови, солзавец и се друго што се предвидува со законот. Откако толпата е разбиена полицијата ги идентификуваше лидерите и организаторите на демонстрациите и оние што ги извршија демолирањата и тие беа уапсени што е нормално. Но, секако немаше судири на полицијата со демонстрантите. Знаете, „Проксима“ го советува минситерството за внатрешни работи па оттаму и во вакви случаи, но ако постои оддел на министерството каде нашите совети се најмалку потребни тоа е токму одделот за одржување на јавниот ред и мир. И тоа се потврди и порани со погребот на претседателот Трајковски и во други такви големи настани.

Со оглед на тоа што имаме дневно протести или некакви облици на изразување на незадоволството како ја оценувате безбедносната ситуација во земјава, од внатрешен аспект?

Нашата проценка досега базирана врз информациите што ги имаме е дека во последниве неколку недели има голем број демонстрации, но тие се мирни. Освен, се разбира Струга. Тоа беше можеби коинциденција, можеби некаква испровоцирана ситуација, но другите демонстрации беа досега мирни. Така што се однесува за во иднина можам да кажам дека „Проксима“ нема никакви индиции кои би укажувале дека постои можност за влошување на безбедносната ситуација.

За крај штотуку одбележавте шест месеци од мисијата „Проксима“, за која велите дека е успешна во нејзината основна задача да советува и помогне реформи на полицијата. Кога „Проксима“ ќе замине има ли некои проекти кои го надминуваат вашиот мандат?

„Проксима“ ќе остане до крајот на нејзиниот мандат кој истекува на 14 декември. И тоа е се. Сите наши проекти се дизајнирани согласно тој временски рок.

Дали тоа значи дека нема да има продолжување на мандатот?

Тоа е можно но тоа зависи од многу фактори а секако не од мене. Она на што ние сега се фокусираме е да ја продолжиме работата која е успешна и да подготвиме терен за идните промени. Сите проекти кои се предвидени да завршат до крајот на годинава се токму така дизајнирани да постигнат максимални резултати за тоа време. Знаете јас сум во Македонија подолго отколу што поголемиот дел на европолицајците до „Проксима“ се тука и можам да кажам дека е постигнат голем напредок. И секои шест месеци помош за министерството за внатрешни е шест месеци придобивки. Вистина има уште многу работа да се направи но работите се движат во вистинска насока.
XS
SM
MD
LG