Достапни линкови

Манипулацијата со чувствата на масите е многу опасна


Предлог законот за теиријална оргнаизација повторно во прв план ги стави меѓуетничките односи. Опозоцијата предупредува на можна радикализација доколу владата не го повлече предложениот закон, власта пак ја обвинува опозицијата дека јава на бранот на национализмот за да го зголеми рејтингот пред предстојните локални избори. Национализмот секогаш бил метод за манипулација по кој сите лесно посегаат, вели аналитичрот Агим Јонуз:

„Еве, манипулираат Македонците со Македонците. Манипулираат и Албанците со Албанците. Меѓутоа, таа инструментализација на чувствата на масата е многу опасна работа, затоа што социјалниот момент е идеално дојден како адут повеќе во рацете на политичарите“

Дотолку повеќе што во Македонија постои кусок од оговорни политичари додава Јонуз

„Има политичари коишто менуваат и по десет партии. Зарем е тоа можно политичари да менуваат по десет иеологии во рок од една година. Ние мораме да се ослободиме прво од такви политичари“

Сепак во оваа ситуација одговорноста не може да биде дисперзирана на генерални теми. Власта не може да биде амнестирана од обвинувањето за лошо водење на преговорите за територијална организација вели политикологот Панде Лазаревски од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања:

„Одговорноста на владата е несомнено многу голема заради целиот начин – и како го осмислуваше решението, и како го пласираше во јавноста, и во крајна линија, ако сакате, и заради отсуството на елементарна одговорност во третирањето на прашања кои, повеќе од очекувано, ќе предизвикаат емоции кај граѓаните“

Оттаму анализата на овој институтот покажува дека иако процентуално бројот на испитаниците кои мислат дека со предложениот закон се отвора можност за поделба на земјата и за нов конфликт не може да се занемари вели Лазаревски . Затоа експертите посочуваат од потреба за одгорност и претпазливост во носење на одлуките

„Одговорност за преземените чекори, дотолку повеќе доколку станува збор за луѓе или за органи од чиј став произлегува иднината на обичниот човек. Лично сум убеден дека некои проблеми можат да се решат, само треба многу посериозен однос и добра волја“
XS
SM
MD
LG