Достапни линкови

Можно ново време на анархија и нестабилност


Војната против тероризмот, американските интервенции во Ирак и Авганистан, како и Бушовата доктрина на превентивни напади ги потикнаа во последните месеци критиките против глобалната доминација на Соединетите Држави. Професорот по историја на Њујоршкиот Универзитет Нил Фергусон предупредува дека алтернативата на униполаризмот не е неизбежно мултиполарниот свет туку можеби и ново мрачно време на анархија и нестабилност. Со Нил Фергусон разговараше Никола Гуровиќ.

Професорот Фергусон во неодамна објавената книга под наслов Колос – Цената на американската империја нема резерви дека самракот на Соединетите Држави е започнат, но нагласува дека Европската Унија и Кина, како потенцијални претенденти за позицијата на глобална сила имаат слабости кои во одреден момент би воделе кон пад на нивното влијание.

„Мислам дека американската позиција во текот на мандатот на Бушовата администрација е доста ослабната. Огромната премоќ на американската војна сила, искажана при уривањето на талибанскиот режим во Авганистан и диктатората на Садам Хусеин во Ирак, не беше следена со адекватни дипломатски напори. Последица, според мене е сосема непотребно поткопаната легитимност на американската моќ, не само во светот туку и на домашен план. Секогаш е добро да имате економска и воена моќ, но ако немате легитимност таа моќ да ја примените тогаш вашата позиција е доста ослабена. Мислам дека е тоа парадоксот на Бушовата администрација. Таа многу поагресивно од претходниците настојуваше да демонстрира сила, а при тоа всушност сериозно ја намали моќта на Америка.“

Оценувајки ја актуелната позиција, професор Фергусон вели дека и покрај статусот на супер сила Соединетите Држави се ослабени поради три фактори. Економскиот фактор поради растечкиот фискален дефицит, потоа недостигот на војници што се гледа во неможноста да се обезбедат доволно трупи не само за Ирак, туки и во Авганистан и на други места. Третиот фактор на американското слабеење, кој според Фергусон е и најсериозен е дефицит на внимание. Станува збор за нетрпение на дел од американските политичари и гласачи што побргу да се дојде до резултати поради што и окупацијата на Ирак е извршена на брзина. Доколку самракот на САД е неминовен, тогаш кој би можел да ја преземе водечката улога во светот. Еве, како на ова прашање, размислува професор Фергусон.

„Експертите, ко се сметаат за реалисти, обично велат дека моќта е нешто што му се проивстравува на вакумот, како што е случајот во природата. Тие велат дека доколку Америка го намали својот ангажман во светот, некоја друга сила ќе го преземе просторот и водечката улога. Ја сметам дека не е јасно кој би бил наследник на Соединетите Држави. Незгодата е во тоа што Европската Унија во воена сила е пигмеец. Кина, економски се развива. но потребнисе децении за да се израмни со Америка не само во економски туку и во стратегиски поглед. Доколку САД, соочени со својата неспособност во Ирак, се повлечат од позицијата на светски хегемон, не е јасно дали некој ја сака таа позиција. Затоа јас во својата книга настојувам да предупредам дека светот на 21 век можеме да го посматраме и без супер сила, без доминантна империја.“

На ова место не можат да влезе ни исламскиот свет кој има демографија и нафтено богатсво поради големата поделеност и тука Соединетите Држави засега немаат ривал, смета Фергусон. Сепак, како што вели професорот, историјата сведочи дека самракот на големите империи е неизбежен и Соединетите Држави го докажуваат ова правило на повеќе начини. Тој тука и ја гледа опасноста, бидејки, вели дека Обединетите Нации не можат да ја преземат улогата на глобален хегемон затоа што зад нив не стоји одредена сила.

„Доколку Соединетите Држави се откажат од улогата на глобален хегемон ќе имаме безвредни документи и закони, но не и начин за нивна примена. САД ги втемелија Обединетите Нации како средство за својата политика по Втората Светска Војна и тие финасиски во принцип зависат од Америка. Во моментов нема алтернатива на американското лидерство. Во таа смисла јас укажувам дека можеби се соочуваме со свет без глобална сила, со ситуација во која во голем дел од светот постоји вакум на власта. Тоа во голема мерка го гледаме во Субсахарска Африка, а можеби во таа насока се движи и Блискиот Исток. Лесно е да се рече дека САД се лоша опција за меѓународната заедница. Но постоји и нешто полошо, а тоа е иднина во која нема доминантна сила и во која царува анархијата.“

На забелешката дека многу експерти нема да ја прифатат тезата за мрачен период професорот Нил Фергусон одговара дека тој како историчар само се повикува на историски уискуства, нагласувајки два периода. Првиот кога во 18, 19 и 20 век имаше карактер на натпревар на различни империи, и вториот од 9 и 10 век кога последен пат немаше глобални сили или нивното постоење беше при крај – период кој историчарите го нарекуваат векови на мракот, на нестабилност и верски екстремизам.
XS
SM
MD
LG