Достапни линкови

Различни методологии, различни податоци


Општа е констатацијата дека невработеноста во Македонија е голема, но кога станува збор за прецизни податоци, ситуацијата се комплицира. Поради различните методологии за пресметување на невработеноста, помеѓу резултатите на Заводот за статистика чии податоци за 2003 година, велат дека во земјава има 316 илјади невработени и Агенцијата за вработување која пак, располага со бројка од 396 илјади, се појавува разлика од 100 илјади лица во вкупниот број на невработени:

„Ако се споредат овие два извора на податоци, бидејќи анкетата на работна сила тргнува од домаќинствата, односно ги анкетира домаќинствата, и невработените се дефинирани како оние коишто немаат работа, меѓутоа, имаат намера да најдат и бараат работа. Додека кај Заводот за вработување, доволно е само некој да се пријави“

ги објаснува причините за различноста на податоците, експертот Димитар Богов од Економскиот центар за анализа. Од Државниот завод за статистика посочуваат:

„Во секоја земја, па и во нашава, се применети токму меѓународните стандарди кои секако се различни од дефинициите што ги користи нашиот Завод за вработување“

изјавува раководителот на секторот за Пазар на труд и животен стандард Ајрија Чаушевска.

Инаку на сметка на Државниот завод за статистика, беа и неодамнешните обвинувања дека оваа институција располага со стари резултати од 2003-тата, односно сеуште не ги објавува податоците за тековната 2004 година. Чаушевска, вели:

„Државниот завод за статистика не доцни со објавувањето на податоците за невработеноста, меѓутоа, самата промена на методологијата, самата промена на динамиката на прибирањето на податоците е подолг процес и се работи за пилот година токму на таквите промени на спроведување на оваа анкета“


Според економските експерти, болното прашање за решавање на економската ситуација во државава, ќе се реши единствено со нови инвестиции, што пак условува создавање на поволна бизнис клима процес за кој очигледно Ќе треба уште многу време.

„Македонија секоја година има потреба од околу 7 проценти од БДП од странски капитал. Но, за жал во досегашниот период најголем дел од тој странски капитал доаѓа во облик на кредити“
XS
SM
MD
LG