Достапни линкови

Дали се доведуваат во прашање меѓуетничките односи?


Дали во Македонија на сцена е обид одново да се доведуваат во прашање меѓуетничките односи. Ова е пршање што провејува по вчерашниот протест на опозицијата пртив територијалната организација кога во скопската населба Чаир на кој дојде до инцидент. Според МВР инцидентот колоната била каменувана од група жители од албанска националност е предимнзиониран.

„Колоната возила што се движеше низ градот била запрена, со тоа што на коловозот бил поставен контејнер. По 15 минути прекин на сообраќајот и расправија во која немало физички контакт меѓу оние кои протестираа и присутните граѓани покрај патот, и интервенција на полицијата, колоната возила продолжува со своето движење. МВР евидентирало еден случај на оштетување на возило што се движело во колоната“

изјави Горана Павловски портпарол на МВР.

Но, за опозициската ВМРО-ДПМНЕ инцидентот во Чаир праќа поинаков сигнал

„За среќа, повредени има навистина многу лесно, но, знаете, останува чувството дека во државата има граѓани од прв и од втор ред, односно граѓани кои можат да се движат по одредени делови од Скопје и граѓани на кои тоа им е оневозможено. И граѓани кои, да речеме, полицијата ги заштитува и граѓани кои полицијата едноставно не само што не ги заштитува, туку дозволува да бидат нападнати токму пред припадниците на МВР“

изјави Ганка Самоилва Цветанова.

Случуавњата во Македонија во контекст на новата територијална оргнизација од кои прозлегоа изрази на нездоволство кај дел од граѓаните според ДУИ уптуваат на потреба од претпзливоост кај оргнизаторите на пртестите. Комнтирајќи го амбиентот во државата Тетута Арифи од оваа партија вели:

„Протестите што се организирани од страна на опозицијата се организирани врз едноетничка база и со една аргументација која е многу слична со периодот кога се потпишуваше Охридскиот рамковен договор и мислам дека сите ние треба да бидеме многу рационални ова да го надминеме, затоа што иднината на нашата земја зависи многу од тоа колку брзо ќе ги поминеме законите и ќе се свртиме кон другите приоритетни прашања во земјата“

Во меѓувреме несогласувањето на дел од граѓаните во Македонија од новата територијална организација го илустрираат подтоците добиени од последното истражување на Институтот за социлошки и политичко правни истржувања:

„Испитаниците беа запрашани за нивниот став кон новата територијална организација на локалната самоуправа и главно претежнува негативниот став“

изјави проф Анита Драговиќ од институтот. Според ова истражување спроведено од 23 до 29 јули со 1200 испитници 72 ,9 проценти пд граѓаните не се соглсуваат со новата територијлан поделба. Доминантно е несоглсувањето кај граѓаните од македонска националност додека расположението кај граѓаните од албанска националност е позитивно.
XS
SM
MD
LG