Достапни линкови

Багдад: Најмалку петмина загинати во експлозија на автомобил бомба


Најмалку 5 лица загинале, а над 20 се повредени во експлозија на автомобил бомба пред полициска станица во Махавил – 85 километри јужно од Багдад, јави ирачкото министерство за здравство. На експлозијата и претходела размена на оган меѓу полицијата и непознати напаѓачи кои побегнала, а потоа пред станицата запрел минибус кој експлодирал. Агенциите јавуваат дека продолжиле и судирите во Наџаф меѓу американските маринци и милитантите на радикалниот шиитски свештеник Моктада ал Садр.
XS
SM
MD
LG