Достапни линкови

Њујорк: Денеска седница на Советот за безбедност на ОН за Косово


Советот за безбедност денеска ќе одржи седница посветена на Косово на која ќе биде разгледан извештајот на генералниот секретар Кофи Анан за работата на УНМИК базиран врз рапортот на неговиот специјален пратеник Кај Еиде за последиците од мартовските насилства врз етничките малцинства. Анан во кварталниот извештај оцени дека има напредок во обновата на разурнатите објекти, но дека околу 2400 лица се уште се раселени и немаат слобода на движење. Тој ги повика лидерите на косовските албанци да бидат судени одговорните и да ја подобрат безбедноста за малцинствата.
XS
SM
MD
LG