Достапни линкови

logo-print

Митото и корупцијата - институции во Македонија


Никој не бара пари директно, тоа се право одоколу – раскажува еден средовечен македонски граѓанин, по неуспешниот епилог во кој тој не ја добил соодветната услуга во една здравствена институција во Скопје.

„Детето ми е во болница, а јас не знам дали да дадам пари за лекарства, дали за мито. Само велат:: че почекаш за операција, лекарите се на одмор, ваму-таму, а всушност тие бараат пари“.

Примерите како овој, за кој се говори со прераскажување на случката, во нашето секојдневие не се осамени. МКногу луѓе во Македонија веруваат дека митото е распространето во најголем дел од институциите во земјата. Степенот на оваа појава официјално можат да го потврдат примерите што се регистрирани.

Транспарентност-Македонија е невладина организација специјализирана за борба против корупцијата, која од неодамне отвори канцеларии во неколку градови во кои секој граѓанин може да пријави појавана на мито и корупција – вели Слаѓана Тасева од Транспарентност-Македонија:

„Ние нивното отворање го објавивме на 14 јули оваа година, значи пред неполн месец. И можеби заради тоа се уште немаме голем број на поднесени пријави, така што јас имам една бројка дека имаме околу 6 до 7 случаи кои се обработени веќе во канцеларијата во Скопје. Сега одиме понатаму, во печатење на информативен материјал во кој ќе ги објавиме сите адреси, затоа што понекогаш граѓаните не сакаат да се јават во канцелариите во градовите од каде што тие потекнуваат“

Но, независно од немањето целосни податоци, митото и корупцијата, според експерите, се присутни во голем степен во земјата. Според професорот по економија Михаил Петковски, присуството на корупцијата зборува за неефикасност на институциите во земјата, а како последица на економската ситуација, но и поставеноста на системот:

„Нашите институции не функционираат независно, често се под влијание на различни политички и бизнис лобија и елити и како резултат на тоа корупцијата ја чувствуваат и обичните граѓани за секојдневните потреби“ – вели Петковски и предупредува:

„Тоа е веќе оној негативен маѓепсан круг. Лошата економска ситуација ја стимулира корупцијата, а корупцијата пак ја влошува економската ситуација, бидејќи вие немате јасни правила на игра. Во услови на корумпираност, полесно проаѓаат оние кои што ќе се снајдат и доаѓа до едно општо деградирање“.
XS
SM
MD
LG