Достапни линкови

Се зголемува бројот на зависниците од наркотици


Во светот има 185 милиони луѓе кои употребуваат дрога, што претставува 3 проценти од светското население. Најупотребувано наркотично средство е марихуаната. Во светски рамки се смета дека ја употребуваат 150 милиони луѓе. Ниту кај нас бројките не се розови. Приказната за навлегувањето во светот на дрогата е слична кај повеќето млади луѓе.

„Класична приказна. Сите тргнуваат првин од цигара, за да се заврши на игла. Има една година од експериментирање, кога тогаш не си зависник туку само експериментираш, после тоа веќе организмот станува зависен и мораш да земаш секој ден“

Лазар Кондев и Пито Георгиевски, сега веќе излечени нарко-зависници велат – од дрогата има спас. Ќе има многу кризи, патот е многу тежок, но ако постои одбра волја, ќе можат да се излекуваат.

„Во повеќе наврати сум пробувал да се лекувам долго време, се додека не дојде моментот кога сфатив дека треба да се лекувам заради самиот себе, а не заради некои други – дали за околината, дали да не му наштетиш на семејството или нешто друго. Кога ќе сфатиш дека тебе тоа ти штети, тој мотив е најголем и тогаш почнав да апстинирам“

„Тргнав да се лекувам на своја рака, меѓутоа се покажа дека тоа без лекарска контрола е неуспешно“

Повеќето од нив се на лекување со метадонска терапија во болницата за зависности во Кисела Вода.

„Јас во Центарот за зависности во Кисела Вода наидов на отворени врати, се запишав и бев примен на метадонскиот третман и до ден-денес, некаде 6-7 години, апстинирам успешно“

Според доктор Весна Велиќ Стефановска, проблемот на зависност од дрогата начнува и некои други сериозни проблеми кај младата популација, а институциите едноставно го занемаруваат тоа.

„Она што секогаш треба да го имаме на ум е дека во мозаикот што се нарекува зависности влегува и зависноста од алкохол, којашто кај нас е многу присутна меѓу младата популација. Тоа нашата младина ја води во ризично однесување, посебно ризично сексуално однесување коешто резултира со заболувања којашто нашата младина можат да ја чинат и живот“
XS
SM
MD
LG