Достапни линкови

logo-print

Наивно е да се верува дека прашањето на црквата не ја засега државата


Македонија е секуларна држава, а црковните прашања не би требало да бидат на агендата на државните институции – изјави деновиве меѓу другото претседателот Бранко Црвенковски во врска со неговата преписка со српскиот патријарх Павле по повод чествувањето на АСНОМ во Прохор пчињски. Но, дали навистина тоа е така? Според Јован Донев од Институтот Евро-Балкан би било наивно да се верува дека прашањето на црквата не ја засега државата:

„Ние колку и да се трудиме и одново во Македонија да кажеме дека тоа прашање не ја интересира државата, тоа е еден вид измама и заблуда. Во овој момент црквата во Србија е најконзервативната сила во општеството, за жал е и доста влијателна и тоа има рефлексии и врз однесувањето во политиката“

Односите меѓу Македонија и Србија секогаш биле комплексни а прашањето на црквата е едно од можеби најтешките:

„Традиционално српско-македонските односи можеме да ги окарактеризираме како топло-студено. Од аспект на фактот дека интересите на Република Македонија и на Република Србија на неколку места се сечат и се конфронтираат едни со други, што произлегува и од географијата и од историјата. Тоа има ефекти“.

Според Донев, проблемот со кој Македонија се соочува во надворешно-политичките релации со северниот сосед произлегува од од внатрешните проблеми на српското општество:

„Целата комплузија што постои внатре во српското општество нормалносе рефлектира и врз надворешната политика. За жал.како што стојат работите во Србија во овој момент, тоа ќе продолжи и понатаму. Се уште не можеме да очекуваме дека духот на регионалната интеграција, соработка и добрососедство ќе се развива“

Во таа смисла, неодамнешната преписка на претседателот и случувањата на Прохор Пчињски, колку и да биле направени со добра намера, претставуваат

„доста ризично однесување, меѓутоа, со желба да се подобри сопствениот рејтинг преку присуството во Прохор Пчињски“

Соочени со неподготвеноста на Српската црква да ја прифати реалноста, вели Донев, македонските институции не можат да си дозволат да бидат непромислени:

„За жал, и претходните години и не само во овие случаи, очигледно е дека власта во Република Македонија нема доволно проценки за партнерите со кои што разговара“
XS
SM
MD
LG