Достапни линкови

logo-print

Бранко Црвенковски положи цвеќе во чест на АСНОМ


Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски заедно со министерот за одбрана Владо Бучковски и претседателот на Собранието на Македонија Љупчо Јордановски денеска положија венец свежо цвеќе во близина на манастирската чешма во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ со што го означија и чествувањето на 60-годишнината од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ, кога се поставени темелите на современата македонска држава. Македонската државн делегација ја пречека српскиот премиер Воислав Коштуница, министерот за одбрана Првослав Давиниќ и заменик министерот за надворешни работи Душан Црногорчевиќ, како и владиката Бачки Иринеј, кој изутринава одржа богослужба во манастирската црква. Претседателот Црвенковски пречекан од српско-црногорската делегација венецот го положи во непосредна близина на манастирската чешма каде што е поставен и спомен-плочата на која пишува дека на тоа место е одржано Првото заседание на АСНОМ. Црвенковски беше пречекан и од српското првосвештенство предводено од пратеникот на патријархот Павле, владиката Бачки Иринеј, а присутен беше и расчинетиот македонски владика Јован.

Инаку, во манастирот нема голем број на посетители, односно присутни се главно оние кои изутринава присуствуваа на богослужбата на која по повод големиот христијански православен празник Св. Илија чиноначалствуваше Јован Вранишковски, односно расчинетиот македонски владика Јован кој богослужбата ја одржа на македонски јазик. По ова, двете државни делегации имаа куси разговори, по кои, пак, заминаа на централната прослава во Меморијалниот центар во селото Пелинце.
XS
SM
MD
LG