Достапни линкови

Дејан Јовиќ, профессор на универзитеот во Стирлинг, Шкотска. Меѓународната заедница признава дека Македонија успеала


Професоре Јовиќ кога говорите за Македонија често ја употребуѕвате формулацијата дека земјава е успешна приказна на Блаканот. Како го аргументирате ваквото мислење?

Па се очекуваше, кога се помислуваше на распаѓањето на Југославија, дека Македонија е најслабата алка во синџирот, со исклучок можеби на Косово. Таа беше економски најмалку развиена од сите југословенкси републики, потоа тука беше проблемот со соседството негирање на нејзиниот идентитет и во Бугарија, Албанија Србија исто така во Грција според тоа постоеше прашањето за можност од меѓународна интервенција. Ако се вратиме во почетокот на деведеститет ќе видите дека постоиеше многу низок степен на согласност на Албанското население за прогласување на македонската држава, тие го бојкотираа референдумот, го проблематизираа уставот и слично. Со еден збор Македонија во тоа време беше очигледен кандидат да биде проблематична земја за која се поставуваше прашањето дали воопшто може да опстане. Кога сето тоа ќе го погледнете од денешен аспект ќе видите дека Македонија е единствената земја што избегна голем меѓуетнички судир. Она што се случи 2001 не може да се спореди со Босна, па дури и со Хрватска. Исто така, Македонија е единствената земја која се раздели од Југославија без ниту еден испукан куршум и тоа навистина е големо достигнување. Денес Македонија е призната и мислам дека со ратификувањето на спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската Унија практично меѓународната Заедница и призна на Макеоднија дека успеала. Се разбира постојат илјадници проблеми, но никогаш не треба да се заборави дека Македонија низ деведесетите мина како најмирна од сите југословенски републики без внатрешна војна и без меѓународна интервенција.

Како ја проценувате актуелната состојба во Македонија?

Ако се гледа каква можеш да биде и каква беше пред десетина години, какви се опасности ја демнеа за време на распаѓањето на Југославија, мислам дека Македонија сега е во подобра фаза. Некои основни поставки на Охридскиот договор се реализирани иако повеќе на симболична отколку на реална политичка но има и конкретни поместувања. На пример, застапеноста на Албанците во полицијата, потоа решавањето на проблемот со универзитетите во Тетово сега ги има два на кои Албанците можат да студираат на својот јазик, потоа зачувана е традицијата на двонационална влада и двонационална опозиција и безоглед на сите тие постојани тензии и политички несогласувања, каков што е примерот со децентрализацијата сепак на крајот се успева да се дојде до некаков политички компромис. Оттаму, не сум премногу песимист ниту критичен кон состојбата во Македонија.

Не можам да не забележам дека на прашањето за состојбата во Македонија вие ми одговарате со аргументи за меѓуетничките односи. Мора ли Макеоднија да се гледа само преку диоптријата за положбата на Албанците. Имам впечаток дека секој говор за Макеоднија имплицира таква тема па оттаму колку меѓуетничките односи се показател за да речеме идна стабилност или нестабилност на земјата?

Додека постојат разликите меѓу Македонците и Албанците, а тие се големи тие се многу поголеми отколку раликите во Босна или во Хрватска каде луѓето имаа заеднички јазик, култура подолга традиција на пргеоварање, значи се додека тие разлики постојат сигурно ќе има тензии недоразбирања и отворени политички прашања. Но, она што мене ме охрабрува е што за разлика од Босна или дел на Хрватска во деведесетите сепак состојбата во Макеоднија е подобра, не есклалираше на токлу груб начин како таму во отворена војна, дури и за време на кризата двеилјади и првата година владата остана двонационална. Присуството на Меѓународната заедница е силно но не се заснива на сила туку врз превентивна дипломатија така што Македонија на одреден начин функционира како сосем нормална држава во тој дел на Европа. Втора работа што ми се чини дека дава основа за оптимизам е фактот што Макеоднија има договор за стабилизација и асоцијација со Европската Унија како и јасниот сигнал на самитот во Солун дека Македонија подоцна или порано има иднина во рамките на Европската Унија. Мислам дека овие фактори представуваат позитивен стабилизирачки елемент. Се разбира јас не би сакал да ислучам секаква можност од инциденти, со помал или поголем интензитет, тоа секако ќе се случува и тоа се случува секојдневно. Тоа не е само инетренички проблем, тоа е проблем на криминалот, грабежи, киднапирања, рекетирања. Тоа е последица на слабоста на макеоднската држава и на низ други околности, но глобално од поширока политичка перспектива јас навистина би бил многу изненаден доколу меѓуетнчките односи есклаираат на степен на некаква граѓанска војна или поголем судир.

Не мислите ли дека во таа постојана потрага по меѓетничКи балас земјата губи драгоцено време.Имено постојано сме на некакви преговори, договори меѓу двата етнички блока. Во македонската јавност постои убедување дека компромисот секогаш се бара на нивна страна, па оттаму и прашањето не ли е тоа малку висока цена што мнозинството треба да ја плаќа?

Мислам дека сосема е извесно оти македонија во прв ред е држава на македонскиот народ држава во која македонскиот народ има мнозинство И тоа мнозинство е стабилно. Не верувам дека е можно во идните десет или педесет години да се смени фактот дека етничките македонци се мнозинство. Тоа го покажаа резултатите од пописот, нема гоплем пораст на бројот на Албанице 25 насто се сепак 25 насто не се 30 или 40 И трендот е релативно бавен тој не може да го загрози мнозинството.Истовремено македонија е меѓународно признаена независна држава која се вика македонија. Проблемот со името е повеќе симболичен. Мислам дека освен Грција никој не мисли на нешто друго кога говори за Македонија освен на самата држава. Во таа смисла ми се чини дека макеоднците всушност добија, првенствено своја држава, потоа стабилност на таа држава, меѓународно признавање И мнозинството во таа држава. Е сега за таа држава да се зачува, да биде стабилна клучно е да се спречИ каков И да е конфликт затоа Што тој може да доведе до меѓународна интервенција, до губењето сувереност како Што тоа беше случај во Босна И до такви трагични последици .Би било неможно Макеоднија да се реинтегрира по еден таков конфликт. Според тоа првенствено во интерес на етничките макеоднци е да се избегне конфликт на етничка основа. И ако ме прашувате за цена на таквиот баланс ќе ви кажам дека секоја цена Што макеоднија ја одржува како обединета меѓународно признаена стабилна држава е воедно И цена што етничките македонци е рабирливо да ја платат затоа Што имаат држава во која се мнозинство И тоа нема да се смени.

Каде ги гледате идните предизвици?

Јас мислам дека треба да се воспостават институциите на државата. Тоа значИ првенствено ефикасно правосудство, ефикасна полиција која нема да ги тероризира туку ќе ги заштитува граѓаните од насилство кое всушност е групно насилство И представува проблем во Македонија. Секој ден се случуваат некакви инциденти, киднапирања, се случува ракетирање на куќи, сеуште раселените не се вратени дома и не можат да се вратат затоа што се чувствуваат несигурни и цела низа такви проблеми. На тоа треба да се работи. Исто така треба да се работи на што поголема интегрираност во европските системи. Делумно затоа што тоа значи воведување на критериуми на ефикасност на пример во економијата или правосудството, но делумно и затоа што и Макеоднците и Албанците сакаат земјата да стане членка на Европската заедница. Мислам дека таа заедничка ориентација кон Европа ќе има интегрирачка функција во Македонија. Затоа мислам дека во следните неколку години треба да се консолидираат државните институции, да се зајакне она што се нарекува владеење на правото да се спречат оное луѓе што мислат дека државата е нивна приватна сопственост, развивање на добри односи со соседите и што е повеќе можно прифаќање на европските стандарди.

Не можам кога веќе го спомнавте соседството а да не ве прашам што мислите колку отворањето на дијалогот за статусот на Косово има импликации на иднината на Макеоднија. Колку Косово претставаува опасност за Македонија?

Мислам дека тоа представува до одредена мерка потенцијална опасност пред се за стабилноста на земјите во соседството не толку во меѓуетничка смисла колку во смисла на илегална трговија и шверц со дрога луѓе и слично. Во таа смисла Косово навистина представува проблем за целиот регион не само за Македонија. Меѓутоа кога се работи за политички прашања дали на пример промената на статусот е закана за меѓуетничката стабилност на македонија мислам дека сите се свесни оти секое решение на статусот што би ја загрозило Македонија или било која соседна земја ќе биде отфрлено од страна на Меѓународната Заедница. Таа поради тоа Ќе претпочита непроменета состојба , статус кво. И верувам прилично долго ќе биде така некои десет дваесет години токму поради тоа што секоја радикална промена би можела да ги загрози земјите во регионот, а тие тоа не сакаат да го рескираат. Со други зборови ако нема сосема јасна и очигледна слика дека сите останати земји Ќе бидат стабилни и мирни тогаш нема да има никакви промени во статусот на Косово. Преговори можат да се водат за некои технички прашања. Мислам дека прашањето на статусот е многу комплицирано, тука не постои согласност нитру на Косово ниту надвор од Косово, ниту со Меѓународната заедница ниту внатре во неа и мислам дека работата ќе остане помалку или повеќе на приципот статус кво.
XS
SM
MD
LG