Достапни линкови

logo-print

Едномесечно одложување на локалните избори


Според најавите седницата на која пратениците ќе расправаат за владиниот предлог за измени на законот за локални избори односно за поместување на нивното одржување од октомври во ноември ќе биде одржана најдоцна до среда. За да помине предлогот треба да има подршка на мнозинството пратеници. Во таа смисла нема изненадувања. Позицијата како и опозицијата откако стана јасно дека расправата се одолговлекува го кажаа својот став. Координаторот на социјалдемократите Јани Макрадули уште пред владиниот предлог рече:

„Ако дојде таков предлог од владата, ќе го изгласаме.“

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ пак се залага за одење на избори во редовниот термин според старата теритотијална организација. Токму овој предлог закон за кој во собранието се води амандманска расправа и спорните решенија за двојазично Скопје и дизајнирање на Струга, а подоцна и Кичево како општини каде Македонците стануваат малцинство навестува долги и тешки парламентарни седници. Темпото се засилува, работно време на пратениците се зголемува, а расправата минува во обвинувања за национално предавство, за федералзиација на земјата или пак за намерно создавање етнички тензии. Љубчо Георгиевски вели:

„Со овој закон за територијална поделба, во Струга и во Кичево, ние во наредните четири години ќе бидеме сведоци на насилно етничко чистење на Македонците.“

Никола Груиевски додава:

„Со одредени решенија што сега ги прави СДСМ; може да настанат проблеми во иднината токму заради она што тој го спомна, создавање етнички енклави.“

Позицијата реплицира:

„Престанете со демагогија и кажете отворено дека намерно создавате ваква политичка ситуација од која сакате да извлечете лично политичко профитерство.“

рече Борис Кондарко од СДСМ. Во меѓувреме расте нервозата и околу иницијативата за собирање потписи за референдум со кој ќе биде повлечен предлог законот за територијална организација. Стартот на парламентарната расправа за овој закон во понеделникот го одбележа и митингот на здружената опозиција. Неделата мина со блокади на патот кај Облешево, интервенција на полицијата, најави на нови блокади и нови протести.
XS
SM
MD
LG