Достапни линкови

Брисел: Четириесет НАТО офицери ќе заминат во Ирак


НАТО, по тридневните разговори меѓу членките на Алијансата, реши да ја прифати тренинг мисијата на ирачките безбедносни сили. Генералниот секретар Јап де Хоп Схефер изјави дека околку четириесет офицери ќе заминат за Ирак во почетокот на идниот месец. Се уште не е решено кој ќе командува со нив, бидејќи Франција се противи на предлогот мисијата да биде раководена од американските сили во Ирак.
XS
SM
MD
LG