Достапни линкови

Одложувањето на локалните избори помало зло, од одржување на избори по старите закони


Од перспектива за членство во Европската Унија и поднесената апликација, усвојувањето на пакетот закони за децентрализација со оглед на рокот за почеток на нивното спроведување, јануари 2005-та, секое одложување значи и негативна порака до Брисел, коментираат европски дипломатски извори во врска со случувањата околу законите и одложувањето на датумот на локалните избори. Во секој случај она што никако не е прифатливо е одржувањето на изборите според старата регулатива:

„Од наша перспектива пакетот закони за децентрализација се услов за спроведувањето на Рамковниот Договор, ако изборите се одржат по старата законска регулатива за територијална организација тоа ќе биде неуспех во спроведувањето на Рамковниот Договор.“

вели Шина Томпсон од канцеларијата на специјалниот европски претставник во Македонија.
Одложувањето на датумот на изборите, не е нешто што Брисел го посакува, но во истовреме тоа се смета за помало зло, отколку изборите да бидат спроведени согласно старата територијална организација. Затоа и препораките на директорот за Балканот, на влијателната Меѓународна кризна група Николас Вајт, се прецизни, подобро одложување, отколку да се оди на избори со старите закони:

„Сосема е јасно дека децентрализацијата е клучен дел од Охридскиот процес, но и на процесот на европската интеграција на Македонија. Неможете да очекувате прогрес доколку тоа не биде завршено. Токму затоа и мислам дека е подобро да постојните општински совети да им се продолжи мандатот додека не помине процедурата за новите закони, отколку да одите на избори со старата регулатива.“

изјавува Вајт.
XS
SM
MD
LG