Достапни линкови

Ирак: Колин Пауел во ненајавена посета на Ирак


Американскиот државен секретар Колин Пауел денеска допатува во ненајавена посета на Багдад каде што ќе се состане со ирачкиот претседател Гази ал Јавер. Пауел е највисок америкaнски функционер кој го посетува Ирак откако власта прејде во рацете на привремената ирачка влада. Во рамките на турнеата Пауел вчера во Саудиска Арабија се состана со ирачкиот премиер Ијад Алави со кого разговараше за саудискиот предлог арапските и муслиманските земји да испратат сили во Ирак.
XS
SM
MD
LG