Достапни линкови

Белгија: 10 лица загинати во експлозија на гасовод


Белгиското министерство за внатрешни работи, соопшти дека денеска неколку луѓе загинале, а повеќе од 100 се повредени во експлозија на гас во јужна Белгија. Експлозијата се случи на гасоводот во индустриската зона на Гизел Хихен, 30 километри од Брисел, а се почувствувала во околина од 10 километри. Агенцијата Белга, повикувајќи се на полициски извори, јави дека загинале 10 лица. Засега нема детали за причините за несреќата иако според регионалната заштита агенција на местото се работело на поправка на гасоводот од кој истекувал гас.
XS
SM
MD
LG