Достапни линкови

logo-print

И формално ќе го добие Џон Кери за нивен претседателски кандидат


Демократската партија на Соединетите американски држави вечерва на крајот од 4-ри дневната конвенција треба и формално да го добие Сенаторот Џон Кери за нивен претседателски кандидат за ноемвриските избори. Кандидатот за потпретседател Џон Едвардс изјави дека тие двајцата ќе го вратат респектот на Соединетите Држави кој е оштетен од актуелниот претседател Џорџ Буш. Едвардс на партиската номинација во Бостон изјави дека Соединетите Држави мора да соработуваат со сојузниците во изградбата на стабилен Ирак.

„Ние мора да го вратиме нашиот респект во светот и да ги придобиеме нашите сојузници така како што со нив победивме во Студената Војна. Така, на тој начин победивме и во двете светски војни. Така ќе го изградиме и стабилен Ирак.“

Едвардс кој е Сенатор од Северна Каролина изјави и дека администрацијата која ќе биде составена од Џон Кери ќе ја уништи терористичката мрежа на Ал каеда. Според последните истражувања на јавното мислење во Соединетите Држави, демократите и републиканците, односно Кери и Буш ќе водат тесна трка на ноемвриските претседателски избори.
XS
SM
MD
LG