Достапни линкови

Бостон: Почеток на национална конвенција на Демократската Партија


Поранешниот американски претседател Бил Клинтон е клучниот говорник на денешниот почеток на национална конвенција на Демократската Партија во Бостон, која ќе трае 4 дена. Во среда во своето родно место Бостон, треба да пристигне и сенаторот Џон Кери кој на последниот ден од конвенцијата в четврок треба да ја прифати партиската номинација за претседателски кандидат на изборите во Соединетите Држави. На конвенцијата најавено е учество на 5 илјади делегати, 15 илјади гости и 15 илјади новинари.
XS
SM
MD
LG