Достапни линкови

Брисел: Дводневна посета на претседателот Црвенковски


Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски денеска ќе отпатува во дводневна работна посета на Брисел, каде што ќе се сретне со високиот претставник на Европската унија за заедничка надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана и со генералниот секретар на НАТО Јап Де Хоп Схефер. Тема на разговорите на Црвенковски со Солана ќе биде процесот на евроинтеграцијата со акцент на актуелната политичка состојба во Македонија, спроведувањето на реформските процеси и заокружување на обврските од рамковниот договор, во контекст на усвојување и спроведување на предлог-законите за децентрализација.
XS
SM
MD
LG