Достапни линкови

Силни гаранции од меѓународната заедница за интегритетот начин состојбите да не ескалираат


Радикализацијата на состојбите во земјава им служи само на ретроградните сили и на губитниците од процесите на пацификација на целиот регион, а посебно на оние кои не би се офајдиле од процес што би ја водел Македонија во помирни води, сметаат експертите во земјава:

„Во очекувањата на разврските на Косово, на секој би му дошло добредојде, особено на оние што мислат дека на Балканот сеуште не дошле разврските, добро би им било Македонија да биде, ако не нешто повеќе, барем потпалена. И оваа несреќна ситуација, овие несреќни преговори со вакви резултати коишто на одреден начин предизвикуваат чувство и на пониженост кај една структура на населението, без разлика дали тоа е исправно или не, се одлично добредојде, за сите што сакаат да ја радикализираат состојбата.“

„Се случуваат некои работи, што ретроградни сили во нашата земја сакаат да актуелизираат некои проблеми, што во Европа одамна се надминати. Во ова време е непотребна таа ретроградна сила и негативна енергија да се троши се, во оваа наша внатрешна организација, бидејќи фактички ние сакаме да соработуваме со другите, сакаме регионална соработка, но не сакаме меѓу себе внатре да соработуваме,“


велат публицистот Ѓунер Исмаил и професорот Назми Малиќи од Универзитетот на Југоисточна Европа. Според Малиќи, криминалците се тие кои најмногу посакуваат Македонија да ја видат нестабилна.

„Ова им одговара само на криминалните групи, на организираниот криминал, бидејќи во матните води тие најдобро ловат.“

Констрктивниот настап на коалициските партнери во владата и силните гаранции од меѓународната заедница за територијалниот интегритет на Македонија, се едни од начините да се спречи понатамошната ескалација на состојбите, смета Ѓунер Исмаил:

„Особено политичарите и од албанскиот блок, треба најитно да реагираат, прво да го спречат едно ниво на триумфализам, коешто кај македонските Албанци е забележително на одредени нивоа, и на крајот на краиштата меѓународната заедница, не како амбасадори коишто ќе одржат прес конференции, туку од највисоко ниво, да даде гаранции дека оваа Македонија без разлика на процесите што се случуваат и без разлика на она што би се случувало во иднина, ќе остане така како што е, интегрална.“
XS
SM
MD
LG