Достапни линкови

logo-print

Газа: Изгорена полициска станица


Непознати вооружени лица ја нападнале и ја изгореле до темел полициската станица Ал Заваида во Централна Газа, јавија агенциите. Нема извештаи за жртви. Во меѓувреме, 20 милитанти на Ал Акса бригадата поврзана со движењето Фатах на Јасер Арафат ја ставиле неколку часа под своја контрола зградата на локалната администрација во Кан Јунис. Тие барале да бидат вратени на работа во безбедносните служби. Газа деновиве е поприште на судири поради апсењата на групи поврзани со палестинскиот лидер Јасер Арафат и обвинети за корупција. Тоа доведе и до оставка на премиерот Ахмед Куреи кој не се согласи со промените што Арафат ги направи на челната позиција на безбедносните служби по што палестинскиот лидер ја повлече одлуката. Арафат меѓутоа не ја прифати оставката на Куреи и го повика кабинетот да се справи со кризата.
XS
SM
MD
LG