Достапни линкови

Ирак: Неколку часовни борби во градот Рамади


Американските војници во неколку часовните борби во ирачкиот град Рамади убиле 25 напаѓачи, 17 раниле, а 25 заробиле, соопшти американската команда во Ирак. Борбите, во кои беа ранети 13 маринци и еден војник, вчера започнале откако милитантите од заседа нападнале воен конвој. Ирачките и американските сили денеска презеле безбедносна операција при што се судриле со милитанти во Централен Багдад.
XS
SM
MD
LG