Достапни линкови

Атина: Фрлени молотови коктели пред грчкото министерство за култура


Пред влезот на грчкото министерство за култура, кое игра клучна улога во подготовките за Олимписките игри во наредниот месец, ноќеска се фрлени два молотови коктели. Полицијата соопшти дека нема настрадани, а е причинета материјална штета. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Како чести сторители на вакви бомбашки напади се наведуваат грчките ултра-левичарски и анархистички илегални организации.
XS
SM
MD
LG