Достапни линкови

Палестина: Кабинетот на Арафат ќе решава по оставката на премиерот Ахмед Куреи


Кабинетот на палестинскиот лидер Јасер Арафат денеска се состанува за да реши дали ќе ја прифати оставката на премиерот Ахмед Куреи, кој ја поднесе по серијата кидапирања и именувањето на роднина на Арафат за шеф на безбедноста во Газа. Арафат вчера го повлече именувањето и повторно го постави Разек ал Маџеида за директор на безбедноста во палестинските подрачја, но Куреи не ја повлече оставката. Доцна синоќа Арафат беше предупреден од генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан да го сослуша Куреи и другите палестински лидери со цел кризата која му штети на мировниот процес да биде решена.
XS
SM
MD
LG