Достапни линкови

Газа: Палестинскиот премиер денеска ќе соопшти дали ја повлекува оставката


Палестинскиот премиер Ахмед Куреи денеска треба да соопшти дали ќе ја повлече понудената оставка поради меѓу-фракциските палестински судири во Појасот Газа. Палестинскиот лидер Јасер Арафат се изјасни против оставката на Куреи. Палестински милитанти вчера ги каменуваа канцелариите на палестинската власт во Рафа, а 18 лица беа повредени во судирите со силите лојални на новиот шеф за безбедност во Газа, Муса Арафат, внук на Јасер Арафат.
XS
SM
MD
LG