Достапни линкови

Кан Јонис: Нападната палестинската разузнавачка служба


Палестинската разузнавачка служба во градот Кан Јонис денеска беше нападната. Одговорноста за инцидентот ја презема групата Ал Акса Мартир со објаснување дека тоа е реакција на одлуката на палестинскиот лидер Јасер Арафат свој роднина да постави за шеф на безбедносната служба. Смената на шефот на безбедносната служба следеше по неколкуте киднапирања кои се случијаво земјата. По овие инциденти за денеска е најавена средба меѓу премиерот Ахмед Куреи и Арафат кои ке разговараат за безбедносната состојба во појасот Газа.
XS
SM
MD
LG