Достапни линкови

Сараево: Смената на функционери на Република Српска не е атак на српскиот народ


Претставникот на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Педи Ешдаун вели дека неодманешната смена на шеесетина функционери во Република Српска не претставува напад на земјата, ниту на српскиот народ. Според него целта била да се тргнат од функции оние личности кои оневозможуваат Босна да ги почитува обврските кон Хашкиот трибунал, што е основен услов за членство во програмата на НАТО, Партнерство за мир и за членство во Европската унија. Тој посочува дека граѓаните на претстојните избори кои ќе се одржат во октомври ке можат да се определат за иднина каква што сакаат да имаат.
XS
SM
MD
LG