Достапни линкови

Гвајана: Лансиран најголемиот сателит за телекомуникации во светот


Најголемиот сателит за телекомуникации во светот Аник-Ф2, на канадскиот оператор Телесат, лансиран е од ракетата Аријан 5 од Француска Гвајана, на североисточниот брег на Јужна Америка, соопштија претставници на Европската вселенска агенција. Аник-Ф2 најголемиот комерцијален сателит во светот би требало во наредните 15 години да обезбедува брз пристап на интернет во Северна Америка. Лансирањето беше предвидено за минатиот понеделник, но мисијата беше три пати одлагана поради лоши временски услови.
XS
SM
MD
LG