Достапни линкови

logo-print

Предложената територијална организација може да предизвика одредени проблеми, но не и конфликт


Доколку пакетот закони за децентрализација бидат усвоени во формата во која се предложни, тогаш албанскиот јазик во градот Скопје ќе се употребува речиси во сите сфери на јавниот живот. Иако надлежните велат дека начелната уставна и законска определба за службена употреба на албанскиот јазик на ниво на целиот град допрва ќе се разработува извесно е дека албанскиот ќе се користи паралелно со македонскиот во работата на градскиот совет, не само во вербална туку и во документите:

„Тоа би било во установите што ги формира градот Скопје како посебна единица и претпријатијата јавни, што ги формира, исто така и за се она што одлучува. На пример, ако градот Скопје ги определува имињата на улиците, на плоштадите итн, сето тоа би било покрај на македонски и на албански јазик,“

вели професорот од правниот факултет Владо Поповски.

Двојазични ќе бидат испишани и таблите во зградата на општината, основните и средните училишта бидејки тие се под надлежност на градот. Но, тоа нема да важи за училиштата во скопските општини во кои Албаците се под 20 насто. Инаку Според професорот по Уставно право Осман Кадриу уставноста на предложените законски решенија не може да биде доведена во прашање:

„Тие имаат уставна основа, затоа што не се во спротивност со ниту една одредба од уставот.“

Според професорот Поповски незасдоволството кај македонското населени во однос на предложените закони е евидентна и таа можеда влија во нарушувањето на меѓуетничките однои но не во таа мера како при конфликтот во 2001 година:

„Може да се очекува да се влошат тие односи. Јас не очекувам тоа да предизвика некои судири, особено не од типот на тие во 2001 година, особено што имам чувство дека моделот што го предложи владата има изим од меѓународната заедница и дека меѓународната заедница стои зад овој модел, што значи дека евентуални нарушувања на меѓуетничките односи ќе бидат пречекани со притисок од страна на меѓународната заедница.“

Тој посочува зашто може да додје до влошување на меѓуетничките однси или пак иселување на Македонците од западниот дел од земјата:

„Прва појава што ќе се појави веројатно е отуштање на Македонци од работни места од двете градски општини буџетски, од јавните работни места и пополнување со претставници од другите заедници, како што е на пример случајот со Тетово. Ниту едно јавно претпријатие нема Македонец директор, иако во градот Тетово живеат 37 насто Македонци.“
XS
SM
MD
LG