Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: САД ќе гласаат против арапската резолуција за израелскиот ѕид на западниот брег


Вашингтон потврди дека САД на седницата на Генералното собрание на ОН в понеделник ќе гласаат против резолуцијата со која се бара од Израел да ја почитува одлуката на Меѓунаородниот суд во Хаг и да го отстрани спорниот ѕид на Западниот брег на реката Јордан. Предлог резолуцијата ја поднесоа неколку арапски држави, откако Меѓународниот суд минатата недела оцени дека изградбата на ѕидот е спротивно на меѓународното право. Американскиот амбасадор во ОН Џон Денфорд, изјави дека предлог резолуцијата е еднострана и во неа не се споменуваат терористичките закани кон Израел.
XS
SM
MD
LG