Достапни линкови

logo-print

Кан Јунис: Ослободени киднапираните Французи


Палестинските киднапери ги ослободија доцна синоќа петмината Французи кои беа грабнати вчера во јужниот палестински град Кан Јунис. Тројцата мажи и двете жени неколку часа поминаа во седиштето на здружението на Црвената полумесечина во Кан Јунис. Палестинската Влада ќе се состане денеска за да ја разгледа безбедносната состојба настаната по трите киднапирања што се случија во Појасот Газа за помалку од 10 часа. Вчера во Појасот Газа беа киднапирани директорот за воена координација на јужниот дел на палестинската територија полковникот Калед Абу Алула, кога со возило се враќал во градот Газа од Кан Јунис. Тој подоцна е ослободен, како и шефот на палестихската полиција Газија Џабали кој беше нападнат и киднапиран на автопатот, при што се повредени неговите телохранители.
XS
SM
MD
LG