Достапни линкови

Вашингтон: Според Пауел, Иран не се откажува од идејата за нуклеарно оружје


Американскиот државен секретар Колин Пауел го обвини Иран дека не се откажал од намерата да развие нуклеарно оружје. Пауел во интервјуто за американската телевизија Пи Би Ес, изјави дека Вашингтон е во постојан контакт со Москва во врска со нуклеарната програма на Иран. „Руската страна дејствува одговорно. САД сметаат дека Русија целосно го сфаќа проблемот и нема да му помогне на Иран да развие нуклеарно оружје“, истакна Колин Пауел.
XS
SM
MD
LG