Достапни линкови

Можно е одложување на локалните избори


Сите на своите позиции никој не попушта, а времето по кој знае кој пат ги гази поставените рокови . Денеска последниот рок за договор меѓу коалициcките партнери за новата територијална поделба, минува без средба на претставниците на политичките партии СДСМ, ЛДП и ДУИ.
Владината седница на која требаше да се најдат пакетот закони за децентрализација се одржува, но без овие предлог закони. Ќе се донесе ли одлука за одложување на локалните избори за напролет, останува да се види по денешната владина седница.


„Доколку до тој рок не се постигне договор, очигледно е дека роковите околу локалните избори тешко дека ќе можат да запазат со законот како што се предвидува. Дали тоа ќе предизвика одложување на локалните избори или можеби некои други решенија, ќе видиме.“

Вака гласеше изјавата на премиерот Хари Костов дадена викендов, а дека ДУИ останува на своите позиции и не попушта, потврдува портпаролот Ермира Мехмети:

„Нема промена во ставот на партијата по прашањата за Скопје, Кичево и Струга и во однос на тоа никој од двете страни не би требало да се чувствува како губитник или поразен.“

По ваквата ситуација најреално е да се очекува одложување на изборите или одржување по постоечкото законодавство. Претседателот на Парламентот Љупчо Јордановски, неодамна потврди дека на 7 август ќе ги распише локалните избори со или без новите закони. За дел од експертите тоа е ирационален проблем бидејќи постоечкото законодавство ги исполнува европските критериуми.

„Ние го имаме законот за локална самоуправа кој дури во регионот, а и во европски рамки, ја гарантира една од најшироките функционални децентрализации. Децентрализацијата е процес, таа не е акт не е чин и таа нема да се направи со ден потег на перото, односно со усвојувањето на Законот за локални финансии и со законот за територијалната организација.“

изјави професорот Гордана Силјановска која посочува дека Владата не мораше да чека сите закони да ги врзува во пакет.
XS
SM
MD
LG