Достапни линкови

Москва: Продолжува судскиот процес против Михаил Кодорковски


Во Москва продолжи судскиот процес против Михаил Кодорковски најголемиот акционер на нафтениот гигант Јукос и како што се верува најбогатиот човек во Русија откако Јукос го пропушти последниот рок да уплати 3 милијарди и 400 милиони долари за данок. Кодорковски е обвинет за одбегнување данок и злоупотреби, но многу аналитичари сметаат дека судењето е притисок на Кремљ врз Кодорковски за да биде казнет за политичките амбиции. Јукос чија иднина зависи и од можен договор со руската влада, должи 7 милиони долари за данок за 2 илјадитата и 2001 година.
XS
SM
MD
LG