Достапни линкови

Виена: Погребна церемонија на австрискиот претседател Клестил


Шефови на држави и влади и европските кралски семејства денеска во Виена на погребната церемонија му одаваат последна почест на починатиот австриски претседател Томас Клестил. Седумдесет и едно – годишниот Претседател умре во вторникот од срцев напад еден ден пред официјално да му ја предаде должноста на новиот Претседател Хајнц Фишер. Меѓу познатите личности на погребот на Томас Клестил во Виена е и филмската звезда и актуелен гувернер на американската држава Калифорнија Арнолд Шварценегер кој има австриско потекло.
XS
SM
MD
LG