Достапни линкови

Софија: Нема менување на политиката кон Ирак и покрај киднапирањето на двајца бугарски државјани


Бугарското министерство за надворешни работи соопшти дека нема да ја менува политиката кон Ирак и покрај вчерашното киднапирање на двајца бугарски државјани. Киднаперите, преку видeо лента објавена на телевизијата Ал Џезеира, се заканија дека ќе ги убијат бугарските заложници доколку сојузничките сили во Ирак не ги ослободат сите затвореници. Бугарскиот шеф на дипломатијата Соломон Паси изјави дека за случајот контактирал со американската влада.
XS
SM
MD
LG