Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ и денеска ќе ги блокира патиштата низ Македонија


ВМРО ДПМНЕ и нејзините симпатизери и денеска ќе ги блокираат патиштаата низ Македонија во знак на незадоволство од владиниот предлог за новата територијална организација. И покрај вчерашните обиди на полицијата за спречување на блокадите и малите инциденти кои се случија ние сме решени да одиме до крај, велат од оваа партија.
Од МВР пак велат дека доколку бидат блокирани патиштата полицијата повторни ќе реагира:

„Законот не дозволува блокирање на сообраќајници, па оттука Министерството за внатрешни работи е должно да обезбеди непречено одвивање на сообраќајот. Најавено е поднесување на прекршочни пријави против одредени лица.“

изјави портпаролот на МВР Горан Павловски. Денеска попладне пред македонското собрание протестира и “Третиот пат” кои се спотивставуваат на територијалната поделба која се прави врз како што велат етничка основа.

„Неможе да се решааваат етнички прашања преку територијалната поделба. Тоа е спротивно на Рамковниот договор и сметаме дека Владата треба да ретерира.“

вели Павле Трајанов лидерот на Демократскиот Сојуз. Тој не очеква проблеми со полицијата како што тоа се случи на одредени места во текот на вчерашниот ден со симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ:

„Немаме намера да предизвикуваме немири или пак, насилно да преземаме некои дејствија, само сакаме граѓаните на најдемократски начин да го искажат своето несогласување со политиката која ја води Владата.“

Преговорите по однос на пакетот закони за децентрализација Владата мораше да го води поотворено, а не на ваков начин, сметаат експертите според кои сегашната манифестација на незадоволство од една етничка заедница може да доведе до влошување на меѓуетничките односи:

„Без друго ќе влијае и веќе влијае. Се ова е резултат или барем делумно е резултат на тоа што овој процес на преговори се води зад затворени врати.“

вели професорот Мирјана Малевска, која посочува дека Владата сега мора да биде многу внимателна:

„Мора да најдат некое решение кое ќе ги задоволи и едните и другите. Ако не се најде такво решение утре другата етничка заедница ќе го повтори истото со блокадите. Значи мора, многу брзо, многу вешто во скоро време да најдат едно компромисно решение кое ќе ги задоволи и едните и другите.“
XS
SM
MD
LG