Достапни линкови

Судан: САД ќе бараат акција на ОН ако владата не ги спречи нападите на милитантите


Соединетите држаави ќе побараат акција на Обединетите Нации доколку владата на Судан не ги спречи нападите, убиствата, и силувањата на арапските милитанти врз црнечкото население во регионот Дафур, изјави американскиот амбасадор во Обединетите Нации Џон Денфорт. Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан ургираше до Советот за Безбедност да го зголеми притисокот врз Судан со цел да бидат спречени нападите на Џанџавед милитантите и хуманитарната криза во Дафур. Анан ова синоќа му го порача на Советот за Безбедност преку видео линк од Адис Абеба каде што за кризата во Дафур се дискутираше на состанокот на Африканската Унија. Околу милион и двеста илјади лица се внатрешно раселени во Дафур, а околу 200 илјади пребегаа во соседен Чад.
XS
SM
MD
LG