Достапни линкови

logo-print

Економските односи за задоволувачко ниво


Економските односи меѓу Македонија и Косоо се на задоволувачко ниво оценија министрите за финансии Никола Поповски и Али Садрија.

Трговската размена меѓу Mакедонија и Kосово според неофицјални податоци изнесува 130 милиони долари годишнo. Има голем дебалaнс во трговската размена, но се надеваме дека тоа ќе успееме да го намалиме рече по средбата со неговиот колега од Косово Садрија, министерот Никола Поповски:

„Според нашите податоци таа надминува сто милиони годишно. За жал, имаме огромен суфицит на страна на Македонија и тоа е нешто што двете економии треба да направат да оди во насока на балансирана трговија, меѓутоа за тоа треба напор и од сите страни. Во основа сакаме балансирана размена со сите држави во светот.“

Македонските власти не водат одвоена статистика за трговската размена меѓу Македонија и Косово бидејќи сите податоци во министерството за економија се водат во согласност со договорот за слободна трговија потпишана меѓу Македонија и Србија и Црна Гоара.

Министерот за економија и финансии на Косово Али Садрија и официјално во Скопје ја промовира намерата на косовските власти за потпишување посебен договор за слободна тргфовија меѓу Македонија и Косово:

„Ние претендираме да имаме посебен меѓусебен договор за слободна трговија бидејќи Македонија за нас е една од најажните земјите што се однесува до економската соработка и исполнувањата на побарувачката на граѓаните Косово. Како што знаете ние таков договор веќе имаме потпишано со Албанија и наша главна цел и приоритет останува тоа да го направиме и со сотанатите соседни земји,“

изјави Садрија.

Македонските власти пак велат дека поптишувањето на договор за слободна трговија со Косово не е можен бидејќи светската трговска организација нема да дозволи потпишување на таков договор со привремените косовски власти.

Министерот за финансии Никола Поповски повтори дека економската соработка ќе продолжи во согласност со постоечкиот договор потпишан со властите на Србија и Црна Гора.

„Не, со Косово соработуваме врз основа на спогодбата која е потпишана порано, која сега е на примена и ќе продолжиме да тргуваме врз основа на Договор за слободна трговија и понатаму.“
XS
SM
MD
LG